Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2014 година, во однос на март 2013 година, изнесува 98.6.

Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (26.2%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.4%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (2.3%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (4.6%), Рударство и вадење на камен (4.1%) и Други услужни дејности (3.8%).

 Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2014 изнесува 30 756 денари.

 Во март 2014 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.