Одбележан вториот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал „Вдиши театар“

Прекрасната изведба на театарските групи на Црвен крст Крагујевац и Црвен крст Ужице го одбележаа вториот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал „Вдиши театар“.

Во исполнетата мала сала во Центарот за култура „Григор Прличев“, младите крагуевчани на креативен начин со претставата „Бран“,  испратија силна порака за опасноста од трговијата со луѓе и како да се заштитат младите.

Актерите од Ужице со претставата „Дивиот Запад“,  на духовит начин ја пренесоа сликата на животот на младите во Западна Србија, иронијата за малиот град, малите луѓе и големата светла иднина.

Денес на третиот ден на Аматерскиот Младински Театарски Фестивал свој настап на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има театарската група од ОСУ „ОЕМУЦ“, Охрид  со претставата „Вртимушка“. Почетокот е во 16 часот, а влезот е слободен.