Се чисти крајбрежниот појас на потегот од пристаниште до хотел Милениум

Крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до хотел Милениум денес се расчистува од наноси на окрек, реса и друг вид отпад. Ова е период на цветање на езерската алга, па во наредните три месеци „Охридски Комуналец“, континуирано ќе го расчистува овај потег, согласно Програмата за вонредни активности за 2014 год., по претходно добиен налог од општинскиот инспекторат. Расчистувањето се врши дел машински, дел рачно со ангажирање на работници кои ќе ја расчистуваат ресата од чамец.

IMG107091

Во текот на денешниот ден подигнати се 4 м3 отпад.