Царинската управа и државниот пазарен инспекторат потпишаа меморандум за меѓусебна соработка

Денес, директорот на Царинска управа на Република Македонија, Наташа Радеска Крстевска и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Кирил Миноски потпишаа Меморандум за соработка.

Со овој Меморандум се уредува постапката помеѓу договорните страни и надлежностите за спроведување на непречено, редовно и безбедно одвивање на контролата на производите. Имајќи предвид дека кршењето на царинското законодавство и законодавството кое ја регулира безбедноста на производите нанесува штета на економските, трговските, фискалните, општествените и културните интереси на Република Македонија неизбежно е постојано зајакнување и продлабочување на взаемната соработка.

Со потпишувањето на меморандумот, Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат изразуваат волја за унапредување на соработката и јакнење на меѓусебната помош и поддршка заради обезбедување високо ниво на заштита на населението од аспект на безбедност на производите, следење, усогласување, оптимизација и изнаоѓање решенија на евентуални проблеми.