Јавен оглас за издавање под закуп на ресторанот на Градските гробишта

Јавното претпријатие „Градски гробишта“ распиша оглас за усно јавно наддавање за издавање под закуп на ресторанот лоциран во градските гробишта.

Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (“Сл.весник на РМ”бр. 08/2005, 150/2007,  35/2011  и  166/2012) и Одлуката на Управен одбор бр. 02-916/3 од 22.10.2013 година  ЈП „Градски Гробишта“ – Охрид објавува:

ОГЛАС БР. 01/2014

ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА РЕСТОРАН

ЛОЦИРАН ВО ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ОХРИД

ЈП Градски Гробишта издава под закуп Ресторан со површина од 420м2 лоциран во кругот на Градските Гробишта.

Опис и локација

Се издава под закуп Ресторан со површина од 420м2 лоциран во кругот на Градските Гробишта на почетокот на вториот влез од Гробиштата од лева страна.

Почетна цена

 Почетната цена  изнесува 123.200,оо денари  месечно;

Во цената не е вклучен ДДВ и истиот е на товар на закупецот.

Висина на паричен депозит

За учество на јавното наддавање заинтересираните странки треба да платат депозит во висина од 430.500,оо денари  на

        Жиро сметка : 250001002709966 Шпаркасе банка

        Даночен број: 4020010514318

Депозитот е неповратен за избраниот субјект и ќе биде засметан во постигнатата цена, а додека на останатите субјекти ќе им се врати во рок од 30 дена од денот на јавното надавање.

Краен рок за уплата на депозитот е 3 дена пред јавното надавање.

Општи и посебни услови

На јавното надавање можат да учествуваат правни лица регистрирани за дејноста за која е наменет објектот и кои ќе подигнат соодветна докуменација од ЈП, а која се состои од:

1.Писмена пријава, унифициран образец

2.Првична писмена парична понуда, унифициран образец

3.Договор за закуп, унифициран образец.

На јавното наддавање можат да учествуваат правни лица кои што немаат никакви обврски спрема ЈП по било кој основ, други нерсчистени должничко доверителски односи или судски спор во било кое својство односно по било кој основ.

На јавното наддавање можат да учествуваат правни лица кои имаат најмалку 20.000.000,оо денари обрт за секоја година поединечно  во последните 3 години.

Овие три документи заинтересираните лица треба да ги пополнат, заверат со свој печат и потпис и заедно со останатата задолжителна документација да ги достават до ЈП, со што се согласуваат со условите наведени во нив.

Покрај ова треба да се достави и:

  • Доказ за регистрирана дејност, решение од Централен регистар за правни лица,;
  • Доказ дека врз правниот субјект не е отворена стечајна или постапка за ликвидација,
  • Доказ дека не е изречена мерка забрана за вршење дејност, должност или професија
  • Доказ за платени даноци и придонеси
  • Уплатница за депонираниот износ на име гаранција за учество на оглас – депозит
  • Доказ за остварен обрт од точка 4 став 3
  • Изјава  за непостоење на нерасчистени должничко доверителски односи или судски спор во било кое својство односно по било кој основ со ЈП „Градски Гробишта“ Охрид, заверена на нотар.

Наведените документи треба да се оригинал или заверен препис и не постари од шест месеци.

Ресторанот ќе се издава на краткотраен закуп за времетраење од 5 години.

На денот на јавното надавање учесниците се лигитимираат со лична исправа (лична карта или патна исправа) и уредно овластување/полномошно за учество на Огласот

Секој понудувач може да учествува само со една понуда

На лицитацијата може да учествува само  едно овластено лице од еден понудувач.

Плаќањето на закупот  ќе се врши година за година и истото е додефинирано во договорот;

Најповолниот наддавач кој нема да пристапи кон склучување на договор во рок од 8 работни  дена по извршената лицитација го губи правото на враќање на паричниот депозит и правото да учествува во идно јавно наддавање за предметот на огласот;

Кога најповолниот наддавач не пристапи кон склучување на Договор во утврдените рокови следно рангираните по редослед наддавачи што ги исполниле условите и ја наддале почетната цена на јавното надавање, стекнуваат статус на најповолен наддавач и можат да пристапат кон склучување на Договор;

Кога на јавното надавање се јави само еден наддавач кој ги прифаќа условите од огласот и ја нададе почетната цена барем за еден чекор стекнува статус на најповолен понудувач и со него ќе биде склучен Договор за закуп;

Договорот со најповолниот понудувач после склучувањето ќе биде солемнизиран на  нотар на терет  на закупецот

На јавното надавање не може да учествува правно лице кое не ги исполнува условите од огласот;

Банкарска гаранција

Избраниот најповолен понудувач по добивањето на известување за избор, а пред  склучување на договорот за закуп должен е да приложи банкарска гаранција во висина од едногодишна закупнина која е постигната на јавното наддавање. Важноста на банкарската гаранција е дефинирана во Договорот.

Инвестициони влогови

Првичните инвестициони вложувања кои што избраниот најповолен понудувач ќе ги направи за ставање во функција на Ресторанот (молерофарбарски, ситни занаетчиски, столарски работи и други работи) за тековна функционалност на Ресторанот се на негов товар.

Доколку ЈП утврди потреба од инвестирање во објектот или реновирање на истиот во поголем обем, во текот на траењето на договорот, закупецот е должен на барање на ЈП  да овозможи градежните активности да бидат извршени,  за што ќе биде склучена посебна спогодба која ќе биде составен дел на овој Договор .

Критериум за избор на најповолна понуда

Критериум за избор на најповолна понуда  е највисоко понудена цена на јавното усно надавање.

Минимална вредност со која може да се лицитира  изнесува најмалку 3000,оо денари, а максималната вредност со која може да се лицитира е 6000,оо денари. 

Доколку два или повеќе наддавачи  понудат иста цена изборот на најповолен закупувач ќе се изврши со ждрепка.

Незадоволните понудувачи можат да поднесат приговор во рокот од три дена од денот на одржување на наддавањето до Управниот Одбор на ЈП „Градски Гробишта“, а Управниот Одбор е должен да одлучи во рок од 3 дена по истиот.

Понудувачот првичната писмена парична   понуда  ја доставува во запечатен внатрешен плик заверен со печат на кој што стои „парична понуда“. Внатрешниот плик се приложува заедно со останатата документација во запечатен надворешен плик на кој што стои:  Понуда за оглас бр.01/2014 Издавање под закуп на Ресторан на следната адреса ул. 15ти Корпус бб 6000 Охрид најдоцна до 17.06.2014год.  до 12.00 часот, дирекно на рака во архивата на ЈП „Градски Гробишта“.

Јавното надавање ќе се изврши на 17.06.2014  година со почеток во 12.30 часот и завршува во 13.00 часот,  доколку во последните две минути од наддавањето пристигне нова повисока понуда времетраењето се продолжува за дополнителни две минути се додека пристигнуваат нови повисоки понуди. Јавното наддавање ќе се изврши во административните простории на ЈП „Градски Гробишта“.

Рестороанот може да е види на ден 09.06.2014 год. од 11.00  до 13.00 часот.

Понудите кои нема да ги исполнуваат горенаведените услови (точка 4 од Огласот) нема да бидат земени во предвид.

ЈП „Градски Гробишта“ Охрид

Директор

Зоран Симоноски