Пронајдени и одземени садници со Канабис сатива кај авто-кампот „Андон Дуков“

Педесет и една садници од растението Канабис сатива пронајдоа и одзедоа оперативците при акција на СВР Охрид реализирана во авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид на први јуни оваа година. Притоа, во викенд куќа во кампот, затекнати се и приведени А.Н.(27) и М.П. (19) двајцата од Охрид. 

При извршен претрес, на терасата од куќата каде А.Н. со пластично шише се обидувал да ги навади садниците, пронајдени се  31 импрови- зирани саксии со вкупно 38 растенија додека 4 саксии со 13 растенија дополнително се пронајдени во близина на терасата. 

Против А.Н. и М.П. СВР Охрид поднесе кривична пријава за постоење основи на сомнение дека сториле едно казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.