Во соработка со Капетанијата на пристаништа-Охрид и локалната самоуправа, ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистува каналот „Билјанини Извори“, на потегот од влезот во каналот до Езерската полиција.
Потегот се расчистува од трската и отпадот која плива во езерските води, а заради непречена проодност на пловните објекти дел од овој потег ќе се прошири,информираат од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“. Заради непристапниот терен активностите ќе се извршуваат рачно од чамец.