Традиционално одбележан Светскиот ден на животната средина во ОУ „Св.Климент Охридски“

Традиционално, денес во салата за свечености на Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид,  со пригодни активности се одбележа,  5 јуни – Светскиот ден на животната средина.

„Ние оваа година посебно имаме голема причина да го одбелжиме овој ден, затоа што сме вклучени во многу еколошки проекти, меѓу кои и имплементација на еколошката едукација во воспитно образовниот систем во Република Македонија, проект кој што се спроведува во сите училишта. Но, ние и покрај тој проект сме вклучени и во проектот Зелени училишта, како и од треш до кеш. Еден проект кој што пред месец дена се вклучивме за меѓугранична соработка со Република Албанија.“ – истакна Славица Илиќ, педагог во ОУ „Св. Климент Охридски“.

ОУ „Св.Климент Охридски“ во текот на целата година организира повеќе активности поврзани со екологијата, со цел подигнување на еколошката свест кај учениците, но и кај возрасните, вели Илиќ.

„Ние се трудиме навистина во текот на целата година да организираме многубројни активности со кои ќе ја подигаме еколошката свест кај нашите ученици, но не само кај учениците туку и кај возрасните. Уште една голема причина е таа што оваа година ние имавме еден наш под проект, тоа е Патот на хартијата, каде што ги учевме децата да стекнуваат добри навики за селектирање на отпад и за рециклирање на отпадниот материјал, така да имате прилика овде да видите изработени многу предмети од рециклиран материјал од нашето ученици, родители и наставници.“ – додаде Илиќ.

WebOhrid