Две лица загинаа во сообраќајка кај Требеништа

Две лица го загубија животот во тешката сообраќајната незгода што се случи синоќа во 00:30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на селото Требеништа. 

Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот возач на патничкото моторно возило марка „Мерцедес“ кое се движело во правец од Кичево према Охрид, од засега неутврдени причини изгубил контрола над возилото и удрило во еластичен браник од десната страна и во металната заштитна ограда од надвозникот. Возилото, потоа излетало од коловозот и се срушило под надвозникот на локалниот пат што води кон селото Требеништа. 

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид како и полициски екипи од охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. За време на увидот, немаше застој во сообраќајот односно се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила. 

Дополнително, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција, ќе има и вештачење и технички преглед на патничкото моторно возило.

СВР Охрид презема понатамошни неопходни мерки за утврдување на идентитетот на двете починати лица.