Свети архиерејски литургии по повод празникот Духовден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8 јуни (недела), во црквата „Света Троица“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Духовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 9 јуни 2014 година (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Втор ден Духовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Во 12 часот по завршувањето на светата литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе биде осветена новоизградената манастирска порта и новоизградените објекти.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.