Ограбена црквата „Св.Антонија“ во струшкото село Глобочица

Две иљјади денари и една месингана круна за венчавки се одземени при тешка кражба извршена во црквата „Св.Антонија“ во струшкото село Глобочица.

Засега непознат сторител, во периодот од први до шести овој месец, преку прозорец влегол во внатрешноста на црквата.

Тој го скршил прозорецот од источната страна на црквата и со употреба на подесен алат и физичка сила успеал да го отвори. Веднаш започнал со пребарување во внатрешноста на црквата по што противправно ги одзел парите во различни апоени и месинганата круна.

Полициската станица од Струга, по увидот што го изврши на лице место презема мерки за пронаоѓање на сторителот на тешката кражба.