Се намалува бројот на одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2014 се издадени 205 одобренија за градење што е за 14.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 12 548 297 илјади денари што е за 353.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите 2 капитални проекта за автопати. 

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 130 (63.4%) се наменети за објекти од високоградба, 37 (18.1%) за објекти од нискоградба и 38 (18.5%) за објекти за реконструкција. 

Од вкупно 205 објекти, на 131 (63.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 74 објекти (36.1%) инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 422 станa со вкупна корисна површина од 36 734 м2.