Заменик министерот Ќамили на регионалнен форум на МАРРИ Центарот

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, учествува на Форумот на МАРРИ (Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци), во Цавтат, Република Хрватска, на којашто учествуваат делегации на земјите членки на оваа иницијатива, односно на Министерствата за внатрешни работи на домаќинот Република Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Србија, Црна Гора и Република Албанија, како и претставници на регионални и други организации кои делуваат во оваа област.

На Конференцијата, заменик министерот Ќамили имашe свое кусо обраќање во рамки на заедничката дискусија, истакнувајќи ги заложбите Република Македонија во борбата против илегалната миграција, злоупотреба на визната либерализација, како и решенијата кои ги спроведува кон бегалците и барателите на азил во Република Македонија.

Притоа, Ќамили ја истакна како врвен приоритет поддршата која Република Македонија ја дава на МАРРИ Регионалната иницијатива  со седиште во Скопје. Истовремено на регионалниот Форум, заменик министерот за внатрешни работи го презема од Република Хрватска претседавањето со МАРРИ Регионалната иницијатива, со која Република Македонија ќе претседава од јуни 2014 до јуни 2015 година, по што ги претстави приоритетите на Република Македонија за време на своето претседавање.