Намален бројот на склучени бракови, зголемен на разводите

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2013 година, во споредба со претходната година, е намален за 0.1% и изнесува 13 982 склучени бракови.

 Најмногу бракови во текот на годината се склучени во месец август 11.9%, а најмалку во месец април 5.0%. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.0% за жените и 90.2% за мажите.

Во втор брак со учество од 9.1% и трет брак со учество 0.7%,во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Просечната возраст при склучување на прв брак е 25.8 години за невестата и 28.6 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2013 година бележи зголемување од 6.2% во споредба со 2012 година и изнесува 2 045 разведени бракови.. Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август 2.4%, а најмногу во месец декември 10.0%.

Според возраста на сопругата најголем број на разводи, 19.5% се случиле во старосната група од 35-39 години, a за сопругот во старосната група од 30-34 години со учество од 19.1.