Во Охрид ќе се одржи трибина „Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“

Центарот за култура и културулошки студии(ЦККС) повеќе од осум месеци го реализира проектот„Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“, поддржан од УСАИД. Проектот опфаќа истражување и анализа на поимот европски вредности во пет македонски печатени медиуми и има за цел добивање на јасна слика за начините на кои македонските медиуми зборуваат за европските вредности.

Со цел презентација на резултатите од истражувањето, Центарот за култура и културулошки студии во недела, 15 јуни, со почеток во 11 часот  ќе одржи трибина во Охрид. Трибината е отворена за граѓаните од Охрид и Струга.

На трибината ќе се обратат проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, претседателка на ЦККС, проф. д-р Мишел Павловски, потпретседател на ЦККСи м-р Наташа Илиевска-Таневски, стручен соработник од ЦККС.