Зголемен бројот на туристи во април годинава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2014 година изнесува 44 478, а бројот на ноќевањата изнесува 94 033. 

Бројот на туристите во април 2014 година, во однос на април 2013 година, е зголемен за 5.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.6%. 

Бројот на домашните туристи во април 2014 година, во однос на април 2013 година, е зголемен за 12.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.1%. 

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2014 година, во однос на април 2013 година, е зголемен за 2.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1.0%. 

Во периодот јануари-април 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.4%, а кај странските има зголемување за 0.3%. 

Во периодот јануари-април 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.4%, а кај странските има зголемување за 1.2%.