Установи и права на социјална заштита за малолетни и полнолетни корисници

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број на малолетни корисници на социјална заштита во 2013 година изнесува 15 014, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита изнесува 35 969.

Од правата на социјална заштита за малолетни и полнолетни корисници, услугите на социјалната заштита учествуваат со 77.4%. Гледано одделно, по услуги на социјална заштита, правата за социјална парична помош се најмногу застапени со 60.5%, односно со 46.8% од вкупната социјална помош.

Во 2013 година, 34 612 носители на домаќинства (број на домаќинства) се корисници на социјална парична помош.

Со истражувањето спроведено во 2013 година, покрај 4 државни установи-домови за возрасни лица, опфатени се и 14 приватни установи-домови за возрасни лица.