„Последната пролет во Париз“, најновата книга од Јелена Бачиќ Алипиќ од денеска читателите може да ја изнајмуваат од Охридската библиотека. Станува збор за возбудлив роман во облик на исповед на старицата Марија Колчак која преку своите спомени го менува животот на новинарката Олга Лашез.
Јелена Бачиќ Алимпиќ е најчитаниот автор во последниов период, а нејзини романи се „Рингишпил“ и „Писмото на госпоѓа Вилма“ кои исто така ги има во Охридската библиотека.