Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2014 година, има потреба од ангажирање на волонтери, поради што објавува Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи.
„Се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии – да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:
► Сектор за внатрешни работи Битола – 2 волонтери;
► Сектор за внатрешни работи Охрид – 1 волонтери;
► Сектор за внатрешни работи Тетово – 1 волонтери;
Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи:
-потврда за статусот на студентот од високообразовната институција на која што кандидатот студира;
-мотивационо писмо;
-кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење).“- информираат оттаму.
Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период заклучно до 15.09.2014 година, без можност за продолжување на волонтирањето.
Кандидатите кои аплицираат за волонтер во Секторите за внатрешни работи – Велес, Охрид и Тетово, потребните документи да ги достават во писарниците на наведените сектори.
Оттаму напоменуват дека доставувањето може да биде лично или по пошта;
-доставувањето на апликациите на кандидатите за волонтер потребно е да бидат со назнака „За јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи“ .
Рокот за доставување на документите е 3 (три) дена од денот на објавување на повикот. Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на Комисија формирана од Министерот за внатрешни работи.
По завршување на постапката на селекција и рангирање на кандидатите, избраните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.
„Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за внатрешни работи www.moi.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.“ – додаваат оттаму.