Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите истакна:
„Многу пати имам давано изјави за случајот ,,Поткуп”. Се работи за комплетно местење коешто апсолутно верувам дека и е познато и на јавноста. Никаде во светот нема поткуп без примање или давање на пари. Секако, ние ги поднесовме кривичните пријави и против човекот кој што се обидува да мести поткуп , заедно во организација со обвинителот кој што го прават тоа. Надвор од сите законски процедури и нормативи воспоставено е следење лично на мене, на телефоните и физичко следење. Никако не можеме да дојдеме до наредбите коишто по право го имаме како одбрана да ни бидат доставени и слично. Но секако, во развојот на целиот овој процес јавноста ќе биде секогаш како и досега транспаретно информирана.“- изјави Заев.