Спортската сала „Билјанини Извори“ остана без електрична енергија откако ЕВН Македонија ја исклучи заради неплатен долг во висина од над осум милиони денари.
Оттаму велат дека долгот бил направен во периодот помеѓу 2008 и 2013 година кога не се подмирувале воопшто сметките за потрошената струја или се плаќала минимална сума.
Ова претпријатие е во тешка финансиска состојба, а тоа најмногу го чувствуваат вработените чии плати не се исплаќаат навреме.
Извор: Супер радио