Градоначалникот Бакрачески оствари средба со тимот од Јапонија кој работи студија за рехабилитација на колекторот

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари работна средба со тим од осум јапонски експерти на која гостите од Јапонија пред градоначалникот ги презентираа начинот на работа, предлозите за решенија и динамиката на активности за реализација на физибилити студијата со која се планира обнова и рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро во делот кој спаѓа на ериторијата на Република Македонија .

На средбата делегацијата од Јапонија и градоначалникот Бакрачески се договорија  еднаш месечно да се одржуваат работни  состаноци  на кои ќе се информира за текот на работите и потребите за квалитетна изработка на Физибилити студијата.
delegacija_japonci_400_2

Јапонскиот тим од експерти почнувајќи од денес па се до крајот на декември ќе работи на истражување и изработка на физибилити студијата за рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро и тоа континуирано во Охрид и Струга и за таа цел веќе ги договориле целите и динамиката на работа со Министерството за финансии и со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Физибилити студијата се очекува да биде изготвена како нацрт во декември и како финална верзија во март 2015 година по што би започнала имплементацијата на приоритетните активности.Во студијата ќе биде опфатен и просторот во атарите на селата Трпејца и Љубаништа кои до сега не се опфатени со колекторскиот систем.