Огласи за издавање под закуп на недвижен имот сопственост на општина Дебарца

Врз основа на член 31 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи („Службен весник на РМ“ број 8/05, 35/11, 166/12, 137/13, 188/13 и 27/14), и Одлуката за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата-интернат с.Белчишта за вршење на угостителска дејност –служење на ладни сендвичи, бели пецива, колачи, топли напитоци и безалкохолни пијалоци, број 07-798/5, од 30.05.2014 година, донесена од советот на општина Дебарца, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари за потребите на општина Дебарца објавува:

О Г Л А С  БРОЈ  1/2014

за издавање под закуп  на недвижен  имот сопственост на општина Дебарца во постапка со усно јавно наддавање

1.Општина Дебарца издава под закуп недвижен имот со надоместок, сопственост на општина Дебарца, деловен простор во зградата на поранешниот интернат во с.Белчишта ( приземје ), во вкупна површина од 64 м2, во постапка со усно јавно наддавање.

Недвижниот имот се издава под закуп со намена за вршење на угостителска дејност (служење на ладни сендвичи, бели пецива, колачи, топли напитоци и безалкохолни пијалоци), за времетраење од  10 години.

 2. Почетна месечна закупнина (почетна цена) за недвижниот имот кој се издава под закуп изнесува 1.077,00 денари, без пресметан ДДВ.

3. Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето  во најмалку еден од дневните весници во РМ и на веб страната на општина Дебарца, www.debarca.gov.mk.

4.Недвижниот имот од точка 1 од овој оглас   се издава под закуп по пат на јавно огласување, со прибирање на затворени писмени понуди  што ќе заврши со усно јавно наддавање, кое ќе се одржи на ден 02.07.2014 година, со почеток во 12:00 часот во просториите на ЕЛС Дебарца, село Белчишта.

5. Заинтересираните физички и правни лица се должни да уплатат паричен депозит (депозит за учество ) во износ од 20% од вредноста на недвижниот имот предмет на јавното наддавање, односно износ од 43.094,оо денари,  на следниот начин:

–       примач – Трезорска сметка ;

–       банка на примачот – НБРМ ;

–       трансакциска сметка – 100000000063095

–       уплатна сметка -84011906553 ;

–      приходна шифра – 723914, програма 00, со назнака : „депозит за јавно наддавање за закупување  на недвижен имот по оглас број 1/2014.

6. Паричниот депозит од најповолниот наддавач се засметува во постигнатата цена.

Најповолниот понудувач кој нема да пристапи кон склучување на договор во рок од 7 дена сметано од денот на одржувањето на усното јавно надавање, го губи правото на враќање на паричниот депозит.

Паричниот депозит на наддавачите кои немаат статус на најповолен наддавач, ќе им се врати.

7. Заинтересираните физички и правни лица доставувањето на понудите ќе го вршат преку пошта или со доставување во архивата на општината.

Понудите со документацијата  се доставуваат во затворен плик,  со ознака „ НЕ ОТВОРАЈ“  и со цитирање на бројот на огласот .

Пликот не смее да содржи никаква ознака од која би можело да се идентификува понудувачот.

Понудата се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде затворен и потпишан од понудувачот, а за физичко лице само потпишан примерок на понудата.

8. Кон пријавата за учество на огласот понудувачот е должен да достави и :

–       доказ за уплатен износ за учество на огласот ;

–      доказ за идентитетот (за физичко лице -фотокопија од важечка лична карта или патна исправа), односно Решение за регистрација од Централен Регистар (за правно лице  ДРД образец) ;

–       потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган, како за физички така и за правни лица (уверение за платени даноци од УЈП и уверение за платени даноци и други јавни давачки од Одделението за финансиски прашања при ЕЛС Дебарца) ;

–       потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган (за правно лице) ;

–       потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган  (за правно лице).

9. Комисијата пред почетокот на усното јавното надавање констатира дали се исполнети условите за јавното наддавање и ги утврдува и соопштува начинот и техничките правила на наддавањето и тоа:

–       идентитетот на понудувачите односно нивните полномошници ;

–       податоците за недвижната ствар ;

–       почетната цена на наддавањето ;

–       јавното наддавање се спроведува на начин на кој што учесниците ја наддаваат почетната цена утврдена во огласот за јавно наддавање ;

–       јавното наддавање трае се додека се нудат повисоки износи од учесниците на јавното наддавање ;

–       јавното наддавање завршува кога и по трет  повик  во рок од 3 минути, не е понудена повисока цена ;

–       договарањето помеѓу понудувачите за време на наддавањето не е дозволено ;

–       секој учесник на наддавањето е врзан за својата понуда се додека друг учесник не понуди повисока цена.

10. Кога најповолниот наддавач не го склучи договорот за закуп во утврдениот рок, следно рангираните по редослед наддавачи што ги исполниле условите и ја наддале почетната цена на јавното наддавање стекнуваат статус на најповолен наддавач и можат да пристапат кон склучување на договорот.

11. Кога на јавното наддавање се јави само еден наддавач, кој ги прифаќа условите од огласот и ја наддаде почетната цена, истиот стекнува статус на најповолен наддавач и со него се склучува договор за закуп на недвижниотимот, предмет на јавното наддавање.

12. За подетални информации заинтересираните може да се обратат на адреса на ЕЛС Општина Дeбарца, 6344 село Белчишта, тел : 046/286-855, e-mail : belcista@t-home.mk.

ЕЛС – Општина Дебарца 

Комисија за располагање со недвижни и движни ствари

Зоран Ногачески, претседател

Цвета Симеонова-Филипоска, член

Љупчо Балески, член 

 Врз основа на член 31 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи („Службен весник на РМ“ број 8/05, 35/11, 166/12, 137/13, 188/13 и 27/14 ), и Одлуката за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата-училиште с.Сливово за вршење на угостителска дејност, број 07-798/6, од 30.05.2014 година, донесена од советот на општина Дебарца, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари за потребите на општина Дебарца објавува :

О Г Л А С  БРОЈ  2/2014

за издавање под закуп  на недвижен  имот сопственост на општина Дебарца во постапка со усно јавно наддавање

1.Општина Дебарца издава под закуп недвижен имот со надоместок, сопственост на општина Дебарца, деловен простор во зградата на поранешно училиште во с.Сливово ( подрум, приземје, сутерен кат ), во вкупна површина од 1564 м2, во постапка со усно јавно наддавање.

Недвижниот имот се издава под закуп со намена за вршење на угостителска дејност, за времетраење од 30 години.

 2. Почетна месечна закупнина ( почетна цена ) за недвижниот имот кој се издава под закуп изнесува 10.066,00 денари, без пресметан ДДВ.

3. Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето  во најмалку еден од дневните весници во РМ и на веб страната на општина Дебарца, www.debarca.gov.mk.

4.Недвижниот имот од точка 1 од овој оглас   се издава под закуп по пат на јавно огласување, со прибирање на затворени писмени понуди  што ќе заврши со усно јавно наддавање, кое ќе се одржи на ден 02.07.2014 година, со почеток во 12:30 часот во просториите на ЕЛС Дебарца, село Белчишта.

5. Заинтересираните физички и правни лица се должни да уплатат паричен депозит                       ( депозит за учество ) во износ од 20 % од вредноста на недвижниот имот предмет на јавното наддавање, односно износ од 402.660,оо денари,  на следниот начин:

–       примач – Трезорска сметка ;

–       банка на примачот – НБРМ ;

–       трансакциска сметка – 100000000063095

–       уплатна сметка -84011906553 ;

–      приходна шифра – 723914,  програма 00, со назнака : „депозит за јавно наддавање за закупување  на недвижен имот по оглас број  2/2014.

6. Паричниот депозит од најповолниот наддавач се засметува во постигнатата цена.

Најповолниот понудувач кој нема да пристапи кон склучување на договор во рок од 7 дена сметано од денот на одржувањето на усното јавно надавање, го губи правото на враќање на паричниот депозит.

Паричниот депозит на наддавачите кои немаат статус на најповолен наддавач, ќе им се врати.

7. Заинтересираните физички и правни лица доставувањето на понудите ќе го вршат преку пошта или со доставување во архивата на општината.

Понудите со документацијата  се доставуваат во затворен плик,  со ознака „ НЕ ОТВОРАЈ“  и со цитирање на бројот на огласот .

Пликот не смее да содржи никаква ознака од која би можело да се идентификува понудувачот.

Понудата се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде затворен и потпишан од понудувачот, а за физичко лице само потпишан примерок на понудата.

8. Кон пријавата за учество на огласот понудувачот е должен да достави и :

–       доказ за уплатен износ за учество на огласот ;

–      доказ за идентитетот ( за физичко лице -фотокопија од важечка лична карта или патна исправа), односно Решение за регистрација од Централен Регистар ( за правно лице  ДРД образец) ;

–       потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган, како за физички така и за правни лица ( уверение за платени даноци од УЈП и уверение за платени даноци и други јавни давачки од Одделението за финансиски прашања при ЕЛС Дебарца ) ;

–       потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган ( за правно лице) ;

–       потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган  ( за правно лице ).