Наскоро во Центарот за култура театарската претстава „Ноќите во бел сатен“

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со ТЕАТАР ЏИНОТ – Велес, во среда 11-ти декември, со почеток во 19:30 часот, ќе се одигра театарската претстава „НОЌИТЕ ВО БЕЛ САТЕН“.

Автор на претставата е Братислав Димитров, во режија на Ненад Витанов, а улогите ги играат: Јордан Витанов, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Маја Љутков. 

Влезот чини 150 денари.