Утре, среда во Самоков кај Македонски Брод ќе се одржат 19-те регионални пензионерски спортски натпревари од Четвртиот –западен регион.
На натпреварите во традиционалните 11 спортски дисциплини ќе земат учество околу 250 пензионери спортисти од ЗП од Струга, Охрид, Дебар, Кичево, Вевчани, Лабуништа, и домаќинот Македонски Брод. Спортистите и гостите се очекува да ги поздрави и натпреварите за отворни да ги прогласи потпретседателот на Собранието на СЗПМ Бесник Поцеста. На сите досега одржани 18-ти регионални спортски натпревари, Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца е апсолутен севкупен победник со најмногу освоени први места.Да очекуаме дека и на утрешните натпревари охридските пензионери спортисти ќе го освовојат првото место и ќе се пласираат на републичките спортски натпревари кои на 6-ти септември ќе се одржат во Тетово.
Интересно е да се спомене дека досега од вкупно 38 здруженија од Републикава на 18-те одржани републичките спортски натпревари, севкупни победници по три пати редоследно биле само здруженијата на пензионери на Тетово и Охрид и Дебрца.
Инаку, првите републички спортски натпревари на пензионерите на Македоинија се одржани во 1996 година на просторот кај поранешниот хотел „Парк“ кај Горица, во Охрид. Во првите две-три години спортските натпревари имале рекретаивен карактер и со малку дисциплини,а со текот на следните години, тие прераснале во 11 дисциплини и добиле натпреварувачки карактер. Во тоа време,првите иницијатори на овие спортски натпревари биле преставниците на Охридското здружение на пензионерите,меѓу кои и актуелниот претседател на Извршниот одор на ЗП Орид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески.