Концерт на младите музичари за спас на еден детски живот

Со вечерен концерт синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, младите музичари од Охрид се приклучат кон акцијата „Заедно за спас на еден детски живот“.  На сцената настапија Петар Маркоски, Бојан Трајчески, Ана Марија Кунеска, Кирил Нически, Антонио Малчески, Климент Јанкоски, и секако најмладите охриѓанчиња од Распеано рибарче.

Сакајќи токму преку музиката да помогнат, порачаа дека децата се најголемиот благослов и дар од бога, тие се највредното и најдрагоценото нешто и токму затоа посакаа да бидат дел од хуманоста со која Охрид живее изминатиов месец дена. Организаторите најавија дека токму овој хуманитарен концерт, на млади музички имиња, ќе прерасне во традиционален настан.

Сите собрани средства и од овој концерт одат во хуманитарната акција што неодамна ја покренаа новинарите за лекување на 11 годишното охриѓанче во Пекинг.

HumanitarenKoncert01