По поројниот дожд ЈП „Нискоградба“ со интервенции на терен

По поројниот дожд кој денес го зафати Охрид ЈП „Нискоградба“ мораше со работници и опрема да интервенира на места каде заради запушена фекална канализација се појавија проблеми.

SahtaNikolaKarev03

Се интервенираше на улицата „Никола Карев“ каде со големи напори успешно се прочисти запушената фекална канализациона цевка во која работниците на „Нискоградба“ со сајли скоро еден час се обидуваа да ја извлечат топката која несовесни граѓани ја фрлиле во шахтите.

SahtaNikolaKarev02
Покрај топката несовесните луѓе канализацијата ја наполниле и со крпи, хигиенски влошки, а како најголем проблем од ЈП „Нискоградба“ ги посочуваат влажните марамчиња кои голем број граѓани и покрај апелите упорно место во канта за комунален отпад, ги фрлаат во канализациониот систем.