Во киното „ Милениум“ во Скопје , вечерва во 20 часот и 30 минути, свечено ќе биде отворен Фестивалот на францускиот филм во Македонија. На првата фестивалска вечер, на седмото издание на фестивалот, ќе биде прикажан филмот „КЕ Д’ОРСЕ“ на режисерот Бертран Таверние.
Во четврток , учесниците на фестивалот доаѓаат во Охрид. Официјалното отворање на фестивалот во Охрид ќе се одржи во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток во 21 часот, по што ќе се прикаже филмот „ ИВ СЕН-ЛОРАН“ .