СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А(24) и Г.С(35) од Охрид, за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 28.05.2014 година, околу 22,30 часот, во куќа во с.Горно Лакочереј, охридско, С.А. со употреба на сила извршил тешка кражба, при што одзел метален сеф во кој имало златен накит, пари и лични документи, со што се стекнал со противправна имотна корист од 525.000 денари, додека Г.С. чувал стража пред куќата. Првопријавениот С.А. е пријавен и за уште пет кривични дела „тешка кражба“, од кои три во обид извршени во периодот од 23.05. до 31.05.2014 година во три куќи и еден стан во Охрид, како и една куќа во с.Мешеишта, каде со употреба на подесен алат и физичка сила ги отворал влезните врати, при што одзел мобилни телефони и накит, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 10.000 денари.