СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.К.(19) и П.С.(17) ученик во гимназијата „Климент Охридски“, двајцата од Охрид за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 02.06.2014 година, околу 16,00 часот, во Охрид на ул. „Димитар Влахов“ наспроти гимназијата „Климент Охридски“ за време на големиот одмор, по меѓусебна расправија настанала тепачка помеѓу пријавените и А.В(18) од Охрид, ученик во наведената гимназија, во која си размениле по неколку удари во пределот на главите и телата, при што на А.В. му нанеле повреда во пределот на носот. На А.В. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Охрид каде е констатирана тешка телесна повреда-скршеница на носот и истиот е задржан на лекување.