Реакција од ЈПК Дебрца на соопштението на ОО СДСМ

По соопштението на ОО на СДСМ за состојбата во ЈПК Дебрца, реакција испрати ЈПК ДЕБРЦА.

„Сакаме да ја информираме јавноста за “презантацијата” на кварталниот извештај на ЈПК Дебрца за периодот од 01.01.2014 – 31.03.2014. 

И самите граѓани се свесни во каква состојба беше наследено јавното претпријатие со долг преку 2 736 060 денари, кога немаше никакви срества за работа, ни метли, ни лопати, ни камионот за собирање на отпад не беше отплатен (беа доплатени 120 000 денари од новото раководство), немаше ни делови за поправка на дефектите во водовдната мрежа и ред други работи.

Само да напоменеме дека водоводната мрежа е стара преку 3 децении, и малку е вложено во нејзино осовременување, па често се јавуваат дефекти.

Во тој тромесечен извештај се прикажани и трошоците за набавка на делови за поправка на евентуалните дефекти, односно набавени се сите видови на спојки, полуспојки, цевки од сите димензии. Се работи за мрежа која се простира низ цела Општина Дебарца, и со сите напори екипите на ЈПК Дебрца се обидува секој дефект да биде санира.  Сепак новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Градоначалникот Игор Трајкоски започна да вложува во реконструкција и санација на водоводите во населените места, со цел нормално водоснабдување.

Мораме да напоменеме дека во овој период се зголемува и дејноста на јавното претпријатие со купувањето на багер и камион од страна на Општината Дебарца, во наредниот период се планира цела територија на општината да биде покриена со услугите на ЈПК Дебрца, односно собирање на комунаниот отпад и водоснабдувањето, а не како во претходниот период кога тие активности беа доделувани на месните заедници по волја на тогашната локална власт, со што му беа одземени големи можности за приходи на јавното претпријатие кое е основано од самата општина. Секако со зголемување на дејноста се потребни и нови вработени кои соодветно одговараат на зададените задачи.

Неетичкиот и неморалниот аспект на СДСМ ОО Дебрца најдобро се согледува во нивните редови тоа може да се поткрепи со доказ за време на раководење на ЈПК Дебрца  од страна на СДСМ покрај партиска припадност неопходен бил и непотизмот.За разлика од денес кога исклучино вработувањето е по стручност и професионалност.Соопштението на СДСМ го разбираме како обид за замајување на  јавноста и дефокусирање од успешната работа на ЈПК Дебрца и локалната самоуправа.

ЈПК Дебрца во иднина ќе работи само и само во интерес на потребите на жителите на општина Дебрца.“– стои во реакцијата.