СВР Тетово до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против лицата А.И. (24), вработен како наставник во ОУ.„Дрита“ во с. Копаница Скопје, М.А. (30) вработен во СГС Скопје приватно обезбедување, К.А. (33) вработен како професор во СГГУ „ Здравко Цветковски“ Скопје, М.М.(43) вработен во МВР на РМ- Оддел за граѓански работи,Сектор за управно надзорни работи Тетово, Е.Н. (66) професор во Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, а поради постоење на основани сомнениа дека истите сториле кривично дело „Фалсификување на исправа“ предвидено и казниво по чл. 378 од КЗ на РМ.
Имено, на ден 22 април годинава во СВР Тетово, од било пријавено кривично дело „Фалсификување на исправа“. Според пријавата истиот ден околу 14.00 часот првопријавениот А.И. дошол во ДУТ Тетово и од референтите на студентската служба на отсекот Филозовски факултет побарал да му биде издадена Диплома за завршено Високо образование односно за завршен Филолошки факултет со стекнато звање “професор по англиски јазик “ за што истиот приложил Уверение за завршено Високо образование со бр. 17-6357/1 од 14.10.2013 година. По ова референтката на студентската служба се посомневала во веродостојноста и оригиналноста на уверението приложено од страна на пријавениот по што уверението го доставила до Секретарот на наведената институција.
По проверките извршени во евиденциите, констатирано било дека наведеното уверение не евидира во ниту една од евиденциите на ДУТ Тетово. Веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници при СВР Тетово преземени се мерки и активности при што во ДУТ Тетово биле затекнати пријавените А.И., М.А. и К.А. по што врз основа на претходно извршена консултација и овластување на ЈО лицата се привидени во ПС Тетово заради расчистување на случајот. Од обавените службени разговори со пријавените истите признале дека кривичното дело го сториле во текот на октомври 2013 година кога по средбата меѓу пријавените А.И. и М.А., второпријавениот ветил дека ќе му извади Уверение за завршено високо образование на А.И. но за тоа требало да плати сума во износ од 4000 евра.
Откако А.И. се согласил, во текот на ноември 2013 година повторно оствариле средба во село Копаница но овојпат покрај второпријавенот на средбата бил и третопријавениот К.А. Во таа прилика А.И. им ја дал побараната сума пари од 4.000 евра како и индекс, фотокопии од извод на родени и од лична карта на негово име. Тие му ветиле дека Уверението ќе му биде готово за еден месец.
По ова, откако ги зеле парите и документите, М.А. и К.А. се упатиле во Тетово каде требало да остварат средба со четвртопријавениот М.М. По пристигнување во Тетово пријавениот К.А. на паркингот во близина на „Културен Дом“ во Тетово се сретнал со четвртопријавениот М.М. му го дал пликот со 4000 евра како и документите на име на А.И. за што им било ветено дека Уверението ќе биде готово за еден до два месеци. Потоа наведените документи со парите четвртопријавениот М.М. му ги предал на петопријавениот Е.Н. Во текот на полициските активности околу случајот од страна на ДУТ Тетово добиено е известување каде е наведено дека Уверението на име на првопријавениот А.И. е фалсификат.