Денес во Општина Дебарца пристигна со донација познатиот бизнисмен од Перт Западна Австралија Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков“.
Капинков за сите првачиња кои ќе се запишат во оваа учебна година донираше комплет училишен прибор и ташни и воедно им посака да имаат успех во образовниот процес. Оваа донација и посета на општина Дебарца од страна на Капинков е организирана од страна на почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески. Градоначалникот Трајкоски им се заблагодари на Капинков и Ќосески и во име на сите првачиња ги охрабри ова да стане традиција и во наредните години.