Специјалистичка обука и вежби на тема „Спасување на давеник во вода“ и „Обука за укажување на прва помош“ се изведуваат овие два дена за полициските службеници од полициските станици за граничен надзор „Охридско езеро“, „Стар Дојран“, „Маркова нога“ и “Стење“.
Обуката за спасување на давеник во вода ја спроведуваат сертифицирани инструктори од Црвениот Крст – Охрид, а обуката за укажување на прва помош ја реализираат инструктор од Англија и инструктор од Црвен крст од Охрид.
Теоретскиот дел од обуките за припадниците на граничната полиција се изведуваат во просториите на Црвениот крст-Охрид, а практичните вежби се изведуваат на езерското крајбрежје како и во водите на Охридското Езеро.
Во завршниот дел од обуката, по однапред подготвено сценарио ќе се симулираат мерките за спасување на давеник и давање прва помош. Тоа ќе значи практично оценување на полициските службеници за нивните стекнати вештини и знаења за спасување давеник.