Несовесни охриѓани синоќа го украдоа сообраќајниот знак за забрането паркирање поставен во непосредна близина на малиот градски плоштад на улица „Коста Абраш“.
Од Фондот за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид апелираат до охриѓани да се воздржуваат од вакви вандалски чинови и да се приспособуваат кон утврдените сообраќајни правила и прописи.