Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2014 година, во однос на април 2013 година, изнесува 100.7
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (6.8%), Дејности во врска со недвижен имот (5.5%) и Административни и помошни услужни дејности (5.1%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.0%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.1%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (2.9%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2014 изнесува 31 027 денари. Во април 2014 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.