Едно од најуспешното и најпосетеното Охридско лето

Едно од најуспешните изданија со реализирани 54 настани на 54-то по ред Охридско лето, без ниту едно откажување во знакот на врвни уметнички имиња и големи театарски остварувања, полни гледалишта и позитивни критики на стручната јавност. Годинава Фестривалот ги доживеа 40 фестивалски денови во најдобро светло.

Огромна посетеност бележиме на годинешново фестивалско издание. Над 25.000 посетители изминативе 40 дена ги посетија мизичко драмските настани. Имавме публика не само од Македонија туку и многу меѓународни гости кои специјално дојдоа да ги следат настаните кои беа на репертоарот“, рече директорката Елизабета Јанкуловска.

Јанкуловска за сработеното годинава ги потенцира покриените сцени на Антички и Долни Сарај, надградената апликацијата за мобилни телефони, враќање на балетот повторно на сцените на Фстивалот, успешнте преноси во живо на некои од настапите,…

Овде не застануваме, веќе од утре почнуваме со работа за подготовка на јубилејното 55. издание, затоа што тоа по значење е многу големо и нас не обврзува да направиме нешто посебно, интересно и убаво. На програмата ќе додадеме и дополнувања кои му личат на 55. издание, како што е документарниот филм, изложби и претставување фотографии и плакати од изминатите 55 години. Ќе направиме една ,,Спомен соба,, со постојана поставка на највредното во изминатите 55 години со оставен празен простор за да се дополнува во иднината“нагласи Јанкуловска на завршната прес-конференција.

Селекторот на музичката програма, Гордана Јосифова – Неделковска, оцени дека е реализирана, квалитетна, врвна, атрактивна програма, со маестрални настапи на уметници од најпрестижните светски сцени.

Имавме нов раст на бројот на публиката, годинава и ексклузивна публика која од странство доагаше специјално за одредени настапи. Светските звезди, повторно беа дел од фестивалот. По традиција, во Античкиот театар стартувавме со светските мега ѕвезди – Барбара Фритоли и Лео Нучи. Во Охрид допатува светската пијанистичка елита: Елизавета Леонскаја и “генијот на клавијатурите”, Аркадиј Володос. Во “Света Софија” настапија виолинистичките звезди на денешницата: “Кинескиот Паганини”, Нинг Фенг и бравурозниот и технички совршениот Кирил Трусов. За пошроката и помлада публика го донесовме музичко – театарскиот перформас „Вока пипл“, потоа најпродаваниот крос – овер пијаниост на денешницата Максим Мрвица, како и Немања Радуловиќ, уметникот кој ја вознесе публиката во Антички Театар. Со сето тоа фестивалот, уште повеќе се зацврсти на светската мапа на фестивалите, резимираше Јосифова – Неделковска. Таа подвлече дека и македонските уметници оставија траг на Летото, подарија вистински уметнички доживувања и што е од особено значење веќе имаме високо едуцирана фестивалска публика, која ја знае музиката, не аплаудира мегу ставови. Она што особено радува е се понагласеното присуство на младата публика“, вели Јосифова – Неделковска .

 Ѓорѓи Јолевски, рече дека овогодишната драмска програма донесе “театар на солзи и смеа”, различност во жанровите.

„Публиката го доби очекуваното.Имавме две премиери: “Ждрело”, со Драмски и “Предавање” со Албанскиот тертар од Скопје, кои се “чеда на фестивалот”, а уште долго ќе се играат на матичните сцени. Во Охрид оживеааја духовите на Шекспир, Гогољ и Нушиќ. Пројковски направи уште една престава за паметење со Шекспир, со едно ново, различно читање во однос на шекспировиот ракопис, со делото на Љубиша Георгиевски. Гогољ го добивме во соврешена форма преку “Женидба” со театарот од Перм, Русија. Откривме нова сцена во “Заливоит на коските” со Маѓели и Црногорскиот татар. Можеби беше малку амбиентален театар, но за догодина јавно ветувам излегување од затворениот простор на кино – салата на Домот на културата “Григор Прличев”, рече селекторот Ѓорѓи Јолески.

Музичкиот дел од програмата на 54. издание на Охридско лето, според селекторот на музичкиот дел Гордана Јосифова – Неделковска беше величествен преку, како што рече, фасцинантниот настап на реномираниот кинески оркестар Шенжен, изведбата на дела од кинескиот композитор, ремек делото на Чајковски, неговата петта симфонија, но и „Недовршената рапсодија“ на нашиот Томислав Зографски.

 Особено сме горди кога успеваме во реализацијата на идејата странски оркестар да изведува дело од македонски автор. Според изјавите на стручната критика и многубројната домашна и странска публика и оваа година реализиравме уште едно квалитетно, врвно, атрактивно фестивалско издание, достојно за паметење“, заклучи Јосифова – Неделковска.

Програмата во драмскиот дел, кој селекторот Ѓорѓи Јолевски ја наслови како „Солзи и смеа“ го одбележаа две премиери, „Ждрело“ на Драмскиот театар и „Предавање“ на Албанскиот театар.

Посочувајќи ги сцените, каде се играа претставите Јолевски заклучи дека дека Заливот на коските е совршено место, кое со својата убавина и посебност ја надополнува театарската уметност.

Заливот на коските го прими големиот режисер Паоло Маџели со претставата „Јас и Његош“. Дефинитивно Заливот на коските еден од просторите, кој мора да се применува при секоја изведба на Охридско лето, но се разбира треба да се пронаоѓаат и нови простори, кои ќе овозможат сосема различен поглед на театарската уметност“, рече Јолевски.

За 55-тото Охридско лето вети со претставите ќе излезе колку што можеме повеќе надвор од Центарот за култура „Григор Прличев“. – Ќе ги освојуваме старите сценски простори и ќе освојуваме нови сцени, кои ќе ја радуваат театарската публика, нагласи Јолевски.

Охрид – Во пресрет на вечерашната претстава и завршувањето на фестивалот “Охридско лето”, денеска се одржа прес – конференција, завршна за годинава, на која говореа директорот на Н.У “Охридско лето”, Елизабета Јанкуловска и селекторите музичкиот – Гордана Јосифова – Неделковска, односно драмскиот блок – Ѓорѓи Јолевски, кои дадоа краток осврт за изминатите 40 фестивалски денови.

Реализиравме 54 претстави, колку и термини, се што беше планирано. Забележавме рекордна посетеност – над 25.000. Го вративме балетот на фестивалот, поставивме две покривки на две сцени. Веќе мислиме на наредното јубилејно – 55 Лето, работиме на филм, на отворање на “Спомен соба”, ќе имаме и Галерија од подарени слики, на досегашните учесници на нашите ликовни изложби,“ рече директорката Јанкулоска.

Селекторот на музичката програма, Гордана Јосифова – Неделковска, оцени дека е реализирана, квалитетна, врвни – атрактивна програма, со маестрални настапи на уметници од најпрестижните светски сцени.

Имавме нов раст на бројот на публиката, годинава и ексклузивна публика која од странство доагаше специјално за одредени настапи. Светските звезди, повторно беа дел од фестивалот. По традиција, во Античкиот театар стартувавме со светските мега ѕвезди – Барбара Фритоли и Лео Нучи. Во Охрид допатува светската пијанистичка елита: Елизавета Леонскаја и “генијот на клавијатурите”, Аркадиј Володос. Во “Света Софија” настапија виолинистичките звезди на денешницата: “Кинескиот Паганини”, Нинг Фенг и бравурозниот и технички совршениот Кирил Трусов. За пошроката и помлада публика го донесовме музичко – театарскиот перформас „Вока пипл“, потоа најпродаваниот крос – овер пијаниост на денешницата Максим Мрвица, како и Немања Радуловиќ, уметникот кој ја вознесе публиката во Антички Театар. Со сето тоа фестивалот, уште повеќе се зацврсти на светската мапа на фестивалите, резимираше Јосифова – Неделковска. Таа подвлече дека и македонските уметници оставија траг на Летото, подарија вистински уметнички доживувања и што е од особено значење веќе имаме високо едуцирана фестивалска публика, која ја знае музиката, не аплаудира мегу ставови. Она што особено радува е се понагласеното присуство на младата публика“, вели Јосифова – Неделковска .

Ѓорѓи Јолевски, рече дека овогодишната драмска програма донесе “театар на солзи и смеа”, различност во жанровите. Публиката го доби очекуваното. Имавме две премиери: “Ждрело”, со Драмски и “Предавање” со Албанскиот тертар од Скопје, кои се “чеда на фестивалот”, а уште долго ќе се играат на матичните сцени. Во Охрид оживеааја духовите на Шекспир, Гогољ и Нушиќ. Пројковски направи уште една престава за паметење со Шекспир, со едно ново, различно читање во однос на шекспировиот ракопис, со делото на Љубиша Георгиевски. Гогољ го добивме во соврешена форма преку “Женидба” со театарот од Перм, Русија. Откривме нова сцена во “Заливоит на коските” со Маѓели и Црногорскиот татар. Можеби беше малку амбиентален театар, но за догодина јавно ветувам излегување од затворениот простор на кино – салата на Домот на културата “Григор Прличев”, рече селекторот Ѓорѓи Јолески.