Победа од 2:1 за Шкендија против Зимбру

Екипата на Шкендија на арената „Филип Втори“ славеше со 2:1 против екипата на Зимбру од Молдавија на првиот меч од квалификациското коло за пласман во групната фаза од Лигата Европа.

Пред самото полувреме, поточно во судиското андополнување од првото полувреме тимот на Шкендија дојде во водство од 1:0 со голот на Бојан Вручина. Само што започна второто полувреме Шкендија во 47 минута го зголеми водството на 2:0 со голот на Иван Митров. Но, за само 3 минути, во 50 минута гостите возвратија преку голот на Гросу од пенал и успеаа да постигнат гол во гости кој релативно им носи некакви надежи пред повратниот дуел кој се игра на 10-ти јули. Победникот од овој дуел ќе игра против ЦСКА Софија.

WebOhrid