Вчера околу 22:40 часот во с.Лескоец – Охрид, настанал пожар во погон за производство на дрвени врати ДООЕЛ„Бирол“, сопственост на З.Б.(1969) од Охрид, при што била причинета поголема материјална штета.
Пожарот е изгаснат од екипи на ТППЕ-Охрид. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.