Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска остварија средба со новоименуваниот кинескиот амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија, Вен Џеншун.
Претседателот Заев посака добредојде и успешна работа на новиот амбасадор како и продолжување на добрата соработка и искреното пријателство помеѓу Социјалдемократскиот сојуз и амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија.
На средбата стана збор и за проблемите со коишто се соочува земјава, политичката криза и предлозите на СДСМ за нејзино надминување. Амбасадорот Џеншун смета дека само низ искрен политички дијалог од сите страни можат да се надминат предизвиците.
На крајот од средбата, амбасадорот Џеншун ги покани претседателот Заев и раководството на СДСМ во посета во Кина, со цел продлабочување на соработката.