Концерт на Цеца на први август во Охрид

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 1-ви август доаѓа на голем концерт во Охрид. Стадионот Билјанини извори ќе биде претесен за да ги собере фановите на Цеца на концерт за кој што и самата вели дека ќе биде вистински open air спектакал. 

Со песните од новиот албум, “Име и презиме”, “Да раскинем за њом”, “Позив” и многу други, Цеца веќе полнеше концертни сали и стадиони низ цела Балкан а потоа и Европа. Овојпат на ред е македонскиот бисер каде на 01 август ќе приреди концерт за паметење.

Влезниците за концертот во продажба ќе бидат пуштени од утре, четврток 3 јули на стандардните продажни места во Скопје како: Пола Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор, како и преку продажната мрежа на купикарти за се. Низ Македонија и особено Охрид, влезниците ќе можете да ги најдете низ локалните продавници и кафулиња.

Цената на влезниците за стоење до 15 јули изнесува 500 денари. За трибини, кои што се во ограничен број изнесува 800 денари. Иста е цената и за фан пит влезница. Додека пак Вип влез на овој концерт ќе ве чини 1000 денари. Информации и резервации за влезници на телефонскиот број 078969998.

Почетокот на концертот е закажан за 21.30. Ражњатовиќ ветува незаборавна неколкучасовна забава во која без сомневање публиката ќе биде погласна.