Учесниците на фестивалот „Разиграно оро“ на прием во Општина Охрид

Претседателката на советот на Општина Охрид, Гордана Коњаноска  и  заменик градоначалникот, Ангел Јанев  денес во зградата на Локалната самоуправа ги примија  учесниците на меѓународниот фолклорен фестивал “Разиграно оро“ што од 30 јуни до 3 јули се одржува во Охрид.

Претседателката на советот, Гордана Коњаноска   на  учесниците  на фестивалот од Русија, Полска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија, од свое и од име на градоначалникот Никола Бакрачески им посака и преостанатите  фестивалски денови да им бидат успешни со  многу дружење и пријатен престој во Охрид.

На средбата беше истакнато дека Општина Охрид за наредните фестивалски изданија  битно ќе се заложи за подобрување на условите за одржување на фестивалот.

Учесниците на “Разиграно оро“ вечерва ќе имаат концерт крај езеро во комплексот на некогашната плажа “Горица 3“. Почетокот е закажан за 21 часот. 

Инаку, овој меѓународен  фолклорен фестивал во Охрид се одржува по осми пат,  оваа година брои над 1 000 учесници. Организатор на случувањето е ансамблот “Филиграни“ од Охрид.