По барање на Дебарско-кичевската епархија екипите на „Охридски Комуналец“ денеска уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум“.
„По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св. Наум, комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Ангажирани беа 10 комунални работници и специјално возило за подигнување на собраниот отпад, со што комплексот е вратен во првобитна состојба.“– велат од претпријатието.