Со денешното промотивно возење на децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, објект Централна, официјално за летната сезона 2014, започна со работа двокатниот автобус.
Панорамскиот автобус со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе биде на располагање за сите заинтересирани групи кои ќе имаат интерес од една перспектива да ги видат убавините на Охрид и Охридското Езеро.
„Ги упатуваме сите потенцијлани корисници да се обратат во директивата на ЈП „Билјанини Извори“ (046/231-535) за да добијат повеќе информации околу користењето на автобусот, се со цел да им излезме во пресрет на сите заинтереисрани.“– велат од препријатието.
ЈП „Билјанини Извори“ минатата година го доби на користење двокатниот панорамски автобус со одлука на Советот на град Охрид, а по предлог на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.