Од утре, 6 јули започнува овогодинешното 53-то реномирано издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид.
На свеченото отворање ќе говорат претседателот на Собрание на Република Македонија,Трајко Вељаноски и градоначалник на Општина Охрид Никола Бакрачески.
Фестивалските вечери ќе се одржуваат на позната летна сцена Долни Сарај, со почеток во 21.00 часот, а влезот е слободен за сите љубители на фолклорот.
Организирањето на фестивалот е овозможено со финансиска поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија и пријателите на фестивалот. Летната сцена Долни Сарај е реновирана, поставена кровна конструкција со помош на Министерството за култура на Р.Македонија, просторот е целосно уреден со помош на Општината Охрид.
Покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија.Генерален спонзор е Македонски Телеком АД Скопје.
Во целост програмата:
6 Јули (Недела)СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 53-от БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ НА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА “ТАНЕЦ” и
Ансамбл „Неврокопски” од Гоце Делчев– Бугарија.
7 Јули (Понеделник)-Ансамбл „Петар Зрински” Видовец – ХРВАТСКА- МКУД „Александар Македонски III” од Мелбурн , АВСТРАЛИЈА- МКУД „Илинден” од Мелбурн, АВСТРАЛИЈА-Андамбл „Хора Ашкелон” Тел Авив – Израел
8 Јули (Вторник)- Ансамбл „Зета” од Подгорица, ЦРНА ГОРА-Ансамбл „Истебна” од Истебна, ПОЛСКА-КУД „Дримкол” Вевчани, Македонија
9 Јули (Среда)-Ансамбл „Никола Карев” од Мелбурн , АВСТРАЛИЈА-Ансамбл „Видово” Ново Место, Словенија
10 Јули (Четврток)-Ансамбл „Емпелокики” од Солун – Грција- Ансамбл „Типопластика” Горни Милановац- Србија
11 Јули (Петок) СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ СО- Ансамбл „Туфаг” од Јалова , ТУРЦИЈА- КУД „Илинден”, Велгошти, МАКЕДОНИЈА- КУД „Отекс”, Охрид, МАКЕДОНИЈА Сцена Долни Сарај, почеток 21.00 часот, влез слободен.