Груевски: Само за четири месеци вработени 2.400 млади лица

Благодарение на мерката на Владата за ослободување од плаќање на придонеси за работодавачите кои ќе вработат млади лица до 29 години, се вработиле 2.400 млади лица, потенцираше премиерот Никола Груевски, кој додаде дека мерката се одвива добро и дава одлични резултати.

„Проектот е предвидено да трае 12 месеци потоа ќе разгледаме да видиме дали има потреба од негово продолжување. Како и да е 2.400 млади лица до 29 години си добија вработување на основа на оваа владина мерка и мене ми е задоволство што допринесовме во тој дел со една од мерките на Владата“, посочи Груевски.

Мерката, како што нагласи тој, беше усвоена во март годинава, а со неа сите работодавачи кои ќе вработат млади лица до 29 годишна возраст се ослободуваат од плаќање придонеси и персонален данок на доход што претставува околу 37 остсо од бруто платата, со обврска да ги задржат уште 12 месеци на работа.