Кривични пријави за екс в.д. директори на ЈП „Градски гробишта“-Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(59) и К.П., в.д. директори на ЈП „Градски гробишта“-Охрид, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2011 и 2012 година, пријавените како в.д. директори во различни временски периоди во ЈП Градски гробишта, се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието, но истите со задоцнување од една година постапиле по одлуката и вратиле фактура на друго претпријатие иако биле должни да ја исплатат. Од страна на комисија е утврдено дека во претпријатието постоеле разлики во продажбата на гробни места, имало недостаток на градежни материјали и во материјалната евиденција влезот и излезот на материјали не се поклопувал. На овој начин пријавените го оштетиле ЈП Градски гробишта за износ од 4.376.102 денари.