Економскиот совет кој денес одржа седница расправаше за повеќе прашања од кои најактуелни беа : разгледување на ресурсите што ги има општина Дебарца како што се обработливата површина односно обработливо земјоделско земјиште како и тоа колку од ова земјиште моментално се обработува, водни ресурси кои се наоѓаат на територијата на општина Дебарца, пасишта, број на жители, со какво образование се иститие и колкава е просечната старосна граница, инфраструктура, електрично напојување и др. И истото тоа како статистика за општината Дебарца да биде електронски претставено со што потенцијалните инвеститори би имале отоворен увид.
Понатаму се разговараше за брендирање на производите, особено на земјоделските кои се најчести во општината Дебарца, како производи кои се одгледуваат во чиста еколошка средина специфични за ова подрачје.
Kако едно од позначајните прашања се постави и едукацијата на повозрасните лица кои би се обучувале за работа со компјутери и англиски јазик.
На седницата се зачна и прашањето за отворање берза на ниво на општина Дебарца на која што лицата земјоделците може да видат во секој момент како котира одреден земјоделски производ.