Ќе се санираат откорнатите столпчиња на малиот плоштад

Со големи заложби на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и на јавните препријатија, малиот плоштад кај комлексот болнички цркви, е уреден во пријатно место за охриѓани и гостите. Со измените во одвивањето на сообраќајот, овој простор претставува пешачка зона и место за одмор и релаксација покрај езерото. За жал, несовесни поединци ги откорнале столпчињата помеѓу жардинериите и го нагрдиле просторот.

Од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, уште во текот на утрешниот ден ќе ги санираат оштетените заштитни столпчиња и апелираат до граѓаните за поголема грижа и совесност кон заедничкото добро и убавата слика за градот.

Saniranje_stolbcinja_malplostad_2