Изградбата на фудбалскиот терен со вештачка трева се одвива според планираната динамика, велат од ЈП „ Билјанини извори“ . Со изградбата на овој терен ќе се збогати и модернизира вкупната понуда на спортско- рекреативниот центар.
Во рамките на стратегијата за развој на спортскиот туризам, изградбата на фудбалскиот терен со вештачка трева, ќе овозможи домашните и странските фудбалски екипни на подготовки, во Охрид да доаѓаат во текот на целата година. Охрид има квалитетни сместувачки капацитети, пријатна клима и со постојните спортски објекти и изградбата на нови , може да привлече голем број домашни и странски спортски екипи и да стане најразвиен центар за спортски туризам во регионот и пошироко.